Мис Германија е 35-годишна самохрана мајка

Леони фон Хасе е Мис на Германија за 2020 година. Таа е 35-годишната самохрана мајка и со овој револуционерен потег, Германија ги промени стандардите во дефинирањето на женската убавина, со тоа што за прв пат во 93-годишната историја на изборот, за 10 години ја зголеми старосната граница на учесничките, што сега подразбира можност за учество на жени до 39 години.

„Жените веќе не се стремат кон конвенционален стандард на убавина. Мојата перцепција за „убава“ жена се силата, карактерот и автентичноста со кои зрачат”, вели Фон Хасе.

Таа беше највозрасна кандидатка меѓу 16-те финалистики на изборот што годинава за прв пат во своето жири вклучи само жени.

Исто така новост во програмата на традицоналната манифестација е тоа што дозволи учество на мажени жени и мајки, а го „прескокна” делот во кој учесничките дефилираат во бикини.

Текстот Мис Германија е 35-годишна самохрана мајка е превземен од Reporter.mk.