Мјузиклот „Мачки“ помина катастрофално и освои шест Златни малини

Мјузиклот „Мачки“ собра шест награди на годинашното доделување на Златни малини, на кои се слави најлошото во Холивуд во изминатата година.

Тој беше прогласен за најлош филм, а доби награди и за најлош режисер (Том Хопер) и за најлоша споредна машка (Џејмс Корден) и женска улога (Ребел Вилсон).

Церемонијата требаше да се одржи во Лос Анџелес, но поради кризата со коронавирусот, добитниците беа објавени преку видеолинк.

И покрај голем број ѕвезди во актерската постава, филмската адаптација на хит-претставата на Ендрју Лојд Вебер дојде на лош глас уште за време на снимањето и потоа катастрофално помина и во кината и кај критиката. Тој имаше буџет од 95 милиони долари, а заработи само 74.

Златна малина за најлош актер добија Џон Траволта и Хилари Даф, а најлош римејк/продолжение е „Рамбо 5“.

Текстот Мјузиклот „Мачки“ помина катастрофално и освои шест Златни малини е превземен од Reporter.mk.