Млада скијачка се самоуби заради притсокот од австрискиот Сојуз

18-годишната натпреварувачка во нордиска комбинација, Австријката Јоана Басани денеска е пронајдена мртва. Наводно, се самоубила, а како причина се наведува големиот притисок врз нејзината кариера од  австрискиот Сојуз.

Басани е пронајдена мртва на само седум дена по  својот 18 роденден, а покрај нејзиното тело биле пронајдени неколку писма.

Во нив Басани пишувала за големиот притисок од страна на австрискиот Сојуз и дека не можела повеќе да го издржи тоа.

-Не можам повеќе, не можам –  напишала во писмата

Инаку, Јоана Басани е освојувачка на сребрен медал на Олимписките игри (ОИ) во Лозана минатата година.

Текстот Млада скијачка се самоуби заради притсокот од австрискиот Сојуз е превземен од Reporter.mk.