Модерни Ромео и Јулија во Италија: Се вљубиле гледајќи се од терасите во карантин

Паола Ањели (39) и Мишел Д’Алпос (38) се заљубиле за време на карантинот во Италија. Двајца во исто време излегле на тераса за да слушаат музика со која Италијанците си го подобруваат расположението во времето на пандемијата. Нивната приказна ја пренесоа италијанските медиуми. Двајцата велат дека тоа било љубов на прв поглед, а Мишел ја освоил Паола кога го испишал нејзиното име на чаршаф и го поставил на својата зграда. Бидејќи сето ова се случувало во Верона, ги нарекуваат модерните Ромео и Јулија.

Помеѓу луѓето кои свиреле на балконите, била и сестрата на Паола, која е виолинистка, а Паола ѝ помагала со озвучувањето. Таа секој ден свирела од прозорецот или на терасата од својот дом за да го поткрене духот на соседите. Па кога еден ден ѝ помагала на сестра си, Паола го забележала Мишел, а и тој неа.

„Првиот пат кога се видовме со Мишел беше љубов на прв поглед, едноставно очите ни се сретнаа. Атмосферата беше многу романтична“, вели таа.

Откако Мишел на домашните им кажал дека му се допаднала девојката која живее во зградата спроти нив, неговата сестра му кажала дека се знае со Паола од локалниот фитнес центар, му го дала нејзиното име и Инстаграм профилот. Следниот ден Мишел го напишал името на Паола на чаршав и го закачил на својата тераса за таа да види. Почнале да се следат и на „Инстаграм“ и сега постојано контактираат.

Двајцата велат дека едвај чекаат да се сретнат во живо по завршувањето на карантинот.

Текстот Модерни Ромео и Јулија во Италија: Се вљубиле гледајќи се од терасите во карантин е превземен од Reporter.mk.