Моќна, магична и динамична презентација на музиката и поезијата на индискиот маестро Шри Чинмој

Tопло сте поканети за да заедно со ансамблот на Сахадева искусите медитација во музиката и да слушнете музика за душата како и да го споделите вашето тежнение за единство и мир во светот.

Овој концерт, кој ќе се одржи на 14-ти ноември во Скопје во домот на АРМ, ги надминува традиционалните музички бариери, тука ќе се сретнете со музичари и пејачи од различни страни на светот, кои во моќна, динамична, мистична и волшебна атмосфера ја изведуваат музиката и поезијата на индискиот композитор Шри Чинмој.

Сахаведа е успешен пијанист кој живее во Лондон, Англија. 30 години студирал музика и медитација под водство на Шри Чинмој. Неговите аранжманите се уникатно џез патување кое ја отелотворува чистотата и надежта за единство и мир во светот, инспирација што го водеше Шри Чинмој во текот на целиот негов креативен пат.

Шри Чинмој беше учител по медитација. Во своето огромно творечко остварување тој ги изразува солзите и насмевките на трагачот кој чекори по патеката на себе-откривањето.

Специјални гости на ансамблот се Премик Расел Тубс, композитор, продуцент и познат инструменталист кој свири на разни флејти и саксофони и Шамита Аченбах-Кониг, виолончелист во Виенската Филхармонија.

Овој концерт е патување само по себе, медитација која го поттикнува огнот на трансформацијата, силата на Божествената Љубов и пространството на Внатрешниот Мир.

Влезот на овој концерт е бесплатен, а картите можат да се подигнат  во Joy Cafe and Bakey во центар на улица Македонија и Joy Cafe and Bakey во Карпош на улица Никола Тесла, спроти средното учиште Орце Николов.

 

Текстот Моќна, магична и динамична презентација на музиката и поезијата на индискиот маестро Шри Чинмој е превземен од Reporter.mk.