Момче со аутизам го направи „Титаник“ од лего-коцки

Бринјар Карл Бигисо од Рејкјавик е момче со аутизам, кое речиси 11 месеци ја градеше најголемата реплика на бродот „Титаник“ составена од лего-коцки. Тоа се повеќе од 700 работни часа, во кои Бријнар го направил најпознатиот брод во светот.

За да ја изгради репликата на „Титаник“ Бринјар употребил 56.000 коцки. Бродот од коцки е долг седум метри, а висок е метар и половина. Пари за коцките освен родителите давале и пријатели на семејството.

„Кога со мама патував во Леголенд во Данск, видов неверојатни модели на познати куќи, авиони, локации и бродови. Тогаш почнав да размислувам дека и јас сакам да направам свој лего-модел“, рекло момчето.

Според неговите родители, градејќи го „Титаник“ Бринјар успеал да го прифати својот аутизам. Пред да го почне својот проект имал потешкотии со комуникацијата, поради што често бил несреќен и осамен. Тие велат дека тој денес има доволно самодоверба за сам да дава интервјуа за своето достигнување.

Текстот Момче со аутизам го направи „Титаник“ од лего-коцки е превземен од Reporter.mk.