На небото во ист ден ќе прелетаат 202 000 авиони

На страницата FlightRadar24 е објавен неверојатен податок дека на 30 јуни во светот ќе бидат забележани повеќе од 202 000 летови, а на небото истовремено ќе прелетаат 19 000 авиони.

Споменатата страница ги следи сите авиони кои имаат адекватна електронска опрема за испраќањеа сигнали, а снимката што е објавена покажува како би изгледал најработниот ден на небото.

FlightRadar24 исто така ги регистрира и најмалиот број  летови. За Божиќ на 25 декември полетале само 101 000 авиони.

Според податоците од оваа страница, најмногу летови има во последната недела во август.