Најбараните хакери во светот

Федералното биро за истрага (ФБИ) објавило листа на 41 најбаран човек во светот во сајбер криминалот.

Тука се наоѓаат хакери кои биле спонзорирани од државите, оние кои краделе информации за Јаху мејловите, но и оние кои краделе светски популарни серии.

Бехзад Месри

Овој Ирачанец од ХБО украл неемитувани епизоди и сценарија од планетарно популарната серија „Игра на престолот“.

Барал откуп од шест милиони долари во биткоини.

Голамрез Рафатнеџад

Тој е основач на иранската хакерска компанија „Ирански хакери Мабна“, која ја финансира Техеран. Баран е поради сајбер кражба од околу 30 теребајти податоци и интелектуални имоти на американски академици.

Освен него на оваа листа се и менаџерот Ехсан Мохамади и работниците 2Мабне.

Мохамед Саед Аджили

Уште еден Ирачанец е на листата. Станува збор за Аджили кој провалил во компанијата Вермонт која за американската влада произведува оружје. Го украл софтверот и дизајнот за проектилите.

Алексеј БеланЕден од најголемите скандали изби минатата година, кога е откриена кражба на информации со најмалку 500 милиони налози на „Јахуу“.

За тоа е обвинет Белан од Летонија за кого е распишана потерница и понудена награда од 100.000 долари. Наводно офицерите од руската ФСБ му платиле за да го направи тоа.

Дмитриј Александровиќ Докучаев и Игор Анатлијевиќ Сушчин

И двајцата наводно се офицери на ФСБ кои биле регрутирале хакери за руската известувачка заедница. Еден од нивните регрути е и Алексеј Белан.

Јевгениј Михаиловиќ Богачев

Богачев е познат и како „Славик“ а важи за еден од најозлогласените руски хакери. Тој го изуми малверот „Zeus“ и „GameOver Zeus“, кој го користел за кражба на податоци и шифри за банкарските сметки.

На тој начин украл преку 100 милиони долари. За информациите за него, ФБИ дава до три милиони долари. На листата се и неговите ученици членови од групата „Jabber Zeus“.

Кинеската војска хакерска единица

Петмина воени хакери од Кинеската народна ослободувачка армија наводно против САД извришле злостори така што украле информации за нуклеарните електрани, соларни електрани и метални индустрии.

Текстот Најбараните хакери во светот е превземен од Reporter.mk.