Најголемата полна „розова“ месечина утре на небото

Најголемата и најсветлата полна Месечина за оваа година ќе биде на небото неделава, со тоа што ќе личи дека е „розова“ Супермесечина во 2020 година.

Супермесечината ќе биде видлива на 7-8 април, кога Месечината ќе биде на 356.907 километри од Земјата, што ќе ја направи поголема и посветла на ноќното небо.

Во фолклорот е позната како „розова“ Месечина бидејќи обично се совпаѓа со цветањето на пролетните цветови.

Најдобриот период за набљудување на Месечината е за време на нејзиното појавување во вторник и нејзиното заоѓање в среда, кога ќе биде близу до хоризонтот.

Терминот првпат го измислил астрологот Ричард Нол во 1979 година, кој ја дефинирал Супермесечината како која било полна Месечина што е во рамките на 90 отсто од најблискиот пристап. Употребата на терминот е критикувана од астрономите, но дел од нив ја поздравуваат како начин да се поттикне интерес за астрономијата.

Чистото небо и намаленото загадување на воздухот како резултат од карантините воведени во земјите значи дека овој април ни нуди најдобри услови за набљудување на оваа Супермесечина.

Текстот Најголемата полна „розова“ месечина утре на небото е превземен од Reporter.mk.