Најголемиот авион на светот го имаше првиот лет

Најголемиот авион на светот според распонот на крила го имаше својот прв лет над пустината Мохаве во Калифорнија.

Наречен е „стратолаунч“, според компанијата што го произведе. Авионот има распон на крила од 117 метри, колку што е должината на фудбалски терен во САД. Сепак, тоа нема да биде патнички авион, туку ако проектот биде успешен, авионот во иднина треба да служи како поевтина основа за лансирање ракети и комерцијални сателити во вселената. Авионот би се кревал до височина од десет километри, по што би се вршело лансирање.

„Искуството беше фантастично и во голем дел, авионот леташе како што беше предвидено“, изјави пилотот Еван Томас.

Направен од делови од „боинг“ и придвижуван од шест мотори, авионот успеа да се крене до височина од 4.500 метри и да постигне максимална брзина од 274 километри на час.

Текстот Најголемиот авион на светот го имаше првиот лет е превземен од Reporter.mk.