Најлоши љубовни парови во хороскопот

Астролозите велат дека некои хороскопски знаци никако не одговараат едни со други. Според нив, врската на овен со јарец, близнаци со скорпија и рак со стрелец е однапред осудена на пропаст.

Овен и јарец

Овните сакаат да ги кршат правилата, а јарците сакаат да ги создаваат. Овенот постојано ќе се чувствува како да е критикуван. Спонтаноста е дел од личноста на овенот кој не може, но и не треба да ја запостави, додека јарецот не може да замине ниту на една обична вечера, а претходно да не резервира место во ресторан. Двата знака се амбициозни, но јарецот е работохоличар и е „оженет“ за работата.

Близнаци и скорпија

Овој пар е идеален во играта на заведување, но штом ќе се обидат да дефинираат некои работи, тогаш се создаваат проблеми. Скорпијата бара посветеност и верност уште од првиот бакнеж, а близнаците сакаат опуштено флертување и експериментирање. Затоа скорпиите во ваквата врска може да станат доста параноични и љубоморни.

Рак и стрелец

Веселите стрелци влегуваат во вашиот живот и ве протресуваат од глава до петици. Понекогаш токму тоа ѝ ви е потребно, но од друга страна, не може секој долгорочно да се носи со нив. Раковите многу сакаат времето со партнерот да го поминуваат сами, а стрелецот повеќе сака друштво, патувања и забава. Недостигот на конекција ќе биде болен.

Текстот Најлоши љубовни парови во хороскопот е превземен од Reporter.mk.