Најромантични мажи во хороскопот

Некои мажи се поромантични од другите. Според астролозите, мажите родени во хороскопските знаци на риби, лав и бик секогаш се расположени за романтика и ѝ посветуваат внимание на својата партнерка.

Риби

Рибите се слатки и нежни. Со нив никогаш нема да ви недостигаат ниту бакнежи, ниту допири, ниту убави зборови. По природа се повлечени и ништо не сакаат јавно да истакнуваат, но секогаш ќе ве изненадат со некој романтичен гест.

Лав

Лавовите не се задоволуваат со ситници. Вниманието кое ви го даваат секогаш е големо, сакаат да изненадуваат кога тоа најмалку го очекувате, но и го очекуваат истото за возврат.

Бик

Биковите се многу романтични. Во овој знак се родени емотивци, поети, кои немаат никаков проблем јасно и гласно да го искажат она што го чувствуваат.

Текстот Најромантични мажи во хороскопот е превземен од Reporter.mk.