Најскапиот часовник на светот е продаден за 28 милиони евра

Рачниот часовник Patek Philippe со назнаката Grandmaster Chime Ref.6300A-010, е продаден на хуманитарна аукција на компанијата Only watch во Женева за рекордни 28,25 милиони евра. Со тоа овој часовник стана најскап на светот. Претходниот рекорд за најскап рачен часовник на светот го држеше Rolex Dayton, кој му припаѓаше на Пол Њуман, а кој во 2017 година беше продаден на аукцијата за 17,7 милиони долари.

„Овој часовник може да направи речиси сè, освен да ви направи кафе“, изјавила Сабина Кегел, шеф на аукциската куќа „Кристи“, во Женева, задолжена за часовници.

Часовникот е посебно направен за оваа прилика. Освен што има датум и аларм, ова ремек дело има уште 20 функции. Бројчаникот е променлив и може да биде во розова или црна боја. Аукцијата Only Watch се одржува секоја година и целокупниот приход од продажбата е наменет за истражување на мускулни дистрофии и генетски пореметувања кои ги погодуваат децата.

Текстот Најскапиот часовник на светот е продаден за 28 милиони евра е превземен од Reporter.mk.