Најубавите близначки на светот имаат сè, но сите тврдат дека животот им е хорор

Најубавите близначки на светот Ава Мари и Леа Роуз станале популарни уште на седумгодишна возраст, кога нивните родители им отвориле заеднички инстаграм профил, но и покрај тоа голем број нивни обожаватели сметаат дека девојчињата немаат детство и дека амбициите на нивната мајка можат лошо да завршат по нив двете.

Ава и Леа за кратко време биле прогласени за најубави на светот, а со својот успех на социјалните мрежи дошле до голем број понуди за модни брендови и популарни фотографери.

По само шест месеци, откако го отвориле својот инстаграм профил, девојчињата собрале 150.000 обожаватели, а денеска имаат неверојатни 1.100.000.

Жаки Клементс, мајката на Леа и Ава, вели дека во последните година дена, нејзините ќерки биле многу зафатени, но и покрај големот број обврски двете знаеле лудо да се забавуваат.

„Без разлика дали одат на шопинг, промовираат некој бренд или се фотографираат со фановите, тие двете знаат да се забавуваат. Она што е најважно е што имаат пријатели“, изјавила Жаки за Buzzfeed.

Мајка им вели дека без разлика на планетарната популарност, таа не им дозволува да изостануваат од школо.

„Во случај да бидат ангажирани од некоја фирма, постојат приватни часови на кои двете го надокнадуваат она што го пропуштиле во школо“, вели нивната мајка.

Работниот ден на Ава и Леа им почнува рано наутро. Тие патуваат до Лос Анџелес, го прават тоа што се бара од нив, а потоа мајка им ќе ги однесе на ручек или шопинг.

„Кога не работат, или не одат во школо, двете пливаат, вежбаат, или посетуваат часови по танци, или пак се дружат со децата со комшиите“, додава мајка им.

 

Жаки понекогаш им дозволува на ќерките да ги читаат коментарите и истакнува дека за успехот на „Инстаграм“ најважна е естетиката, односно начинот на кој луѓето се презентираат.

„Во моментов се фокусираме на „Јутјуб“. Треба се почесто да објавуваме клипови за да направиме и на ова место една заедница“, вели Жаки.

Откако го објавиле интервјуто на Жаки на сајтот Buzzfeed, коментарите на корисниците не биле воопшто позитивни. Читателите на сајтот истакнуваат дека девојчињата немаат детство и дека амбициите на нивната мајка можат лошо да завршат по нив двете.

„Толку текстови за рушење на стереотипите за жените и изгледот, а потоа седумгодишни девојчиња се туркаат во вистински план како да се модели за „Вог“, „Ова е злоупотреба на деца“, „Се наежив од приказната. Една работа е да се биде дете, а целосно друга е кога си дете со еден куп пари“. „Веќе ги гледам насловите за пет години како девојчињата подивеле“, „Ова е злоставување на деца и загрозување на нивните права“, „Ова е како во некој хорор филм“, биле само дел од коментарите на читателите на Buzzfeed.

Ава и Леа во моментов се најангажираните девојчиња на светот, а за нивниот бизнис стои нивната мајка.

 

 

Текстот Најубавите близначки на светот имаат сè, но сите тврдат дека животот им е хорор е превземен од Reporter.mk.