Не ги мијте рацете ако носите накит, предупредуваат експертите

Миењето раце, дезинфекција на работните површини, носење маски станаа дел од секојдневните рутини. Сепак, експертите предупредуваат дека миењето раце не треба да се практикува ако носите накит. Накитот оневозможува ефикасно миење на рацете и дезинфекција. Првенствено тоа се однесува на прстените и алките, велат експертите.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Џорџија, покажало дека лицата кои носат накит не можат доволно добро да ја одржуваат хигиената затоа што кожата под накитот е заштитена од дезинфекција и станува идеално место за развој на бактериите. Освен тоа, тие докажале дека лицата кои не носат прстени, подобро ги мијат рацете од оние кои го носат овој накит. Средството за дезинфекција исто така е помалку ефикасно поради накитот.

Претходното истражување покажало дека лицата кои носат прстени, по користењето на дезинфикациските средства, имаат повеќе бактерии на рацете, отколку оние кои немаат накит. Но, треба да се знае дека не е доволно само да се симне накитот за време на миењето на рацете и дезинфекцијата.

„Ако вашиот накит е зарзен со бактерии и вие го вратите по миењето на рацете, вашите раце повторно ќе бидат заразени. Ако не сакате да го дезинфицирате вашиот накит, тогаш не го ни тргајте па потоа повторно да го враќате“, изјавила Луси Вилсон, експерт за здравје.

„Ако сепак не сакате да го тргнете својот накит, експертите препорачуваат со миењето на рацете со сапун и топла вода, да го измиете и накитот за да бидете сигурни дека сте ги дезинфицирале сите бактерии. Никако не го мијте накитот со дезинфекциони средства, затоа што на тој начин ќе го уништите“, објаснува Вилсон.

 

 

 

Текстот Не ги мијте рацете ако носите накит, предупредуваат експертите е превземен од Reporter.mk.