Не смее да се омажи и да има семејство додека не замине за Марс

Додека повеќето луѓе можат само да сонуваат за тоа да патуваат на Марс, една девојка од Луизијана, наскоро ќе го оствари овој сон.

Алиса Карсон (17) од Луизијана, се обучува во НАСА да стане астронаут. Нејзиниот сон е да биде првата личност која отпатувала на Марс и се надева дека ќе биде во првата човечка мисија која е планирана за 2033 година. За вакво нешто прв пат сонувала кога имала само три години.

Мисијата е дел од напорите да се создаде човечка колонија на Марс, која би можела еден ден да го спаси нашиот вид.

Алиса има се што е потребно за да ја оствари својата цел. Таа е првата личност која ја завршила НАСА пасош програмата и е првата која дипломирала на „Advanced Possum“, академијата, со што добила службен сертификат дека може да влезе во вселенаа и стане астронаут приправник.

Освен обуката за астронаути, таа усепала да ги заврши и сите обврски во школо и тоа на четири јазици (англиски, кинески, француски и шпански).

„Најголемиот предизвик ми е времето, додека ги извршувам обврските во НАСА и паралелно одам во школо. Но, засега добро се снаоѓам“, изјавила Алиса.

Stay tuned for more pictures and me on the Pickler and Ben show coming soon!!

A post shared by Alyssa Carson (@nasablueberry) on

Таа е свесна дека нема право да се венча и да основа семејство, но разбира дека е потребно тие работи да ги остави на страна додека не го оствари својот сон.

Покрај студирањето и обуката, Карсон исто така е јавен говорник и сака да ги заинтересира луѓето да ја истражуваат вселената, но и да ги охрабри да посегнат по своите сништа.