Недела на големи попусти и до 60 рати без камата во „Нептун“

HAPPY WEEK акција во „Нептун“ со големи попусти и до 60 рати без камата на сите производи! Од 05-12 август, потрошувачите ќе може да купуваат по промотивни – haPPу цени со големи попусти и до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и со синдикална продажба.

Во неделата на големи попусти и рати без камата потрошувачите може да најдат најголем избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. Целокупната понуда за HAPPY WEEK може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

„Нептун“ има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

„Нептун“ во месец јуни лансираше дигитална верзија на haPPy картичката за лојалност со која им овозможи на клиентите да ја активираат/дигитализираат својата постоечка haPPy картичка на својот мобилен телефон преку веб сајтот Neptun.mk или преку мобилната апликација NEPTUN. За потрошувачите што немаат haPPy картичка, „Нептун“ им овозможи промотивен период во кој ќе може да си купат онлајн „дигитална haPPy“ картичка на 50% попуст. Со дигиталната haPPy картичка клиентите ќе може да ги користат бенефициите од лојалната програма во продавниците на „Нептун“ ширум Македонија како и при онлајн шопинг на Neptun.mk.

„Нептун“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника и апарати за домаќинство е присутна 21 год. на македонскиот пазар, и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун“ е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Текстот Недела на големи попусти и до 60 рати без камата во „Нептун“ е превземен од Reporter.mk.