Неделен хороскоп од 13 до 20 април

Овен 

Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Нема да бидете задоволни од приходите, зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Тактичноста и дипломатијата се вредни особини.

Бик

Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интересно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено, а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Сакате да видите конкретни резултати, а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално, но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Препознавате што ви треба, а што не ви е потребно.

Близнаци

Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. Најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите, работејќи го она што навистина го сакате. Работната атмосфера на работното место ќе се засили, а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале, па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу, туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Опуштајте се со убава музика.

Рак

Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања, а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Времето е добро за интроспекција, истражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Кој има уметнички идеи, нека се изрази.

Лав

Вашите љубовни апетити ќе бидат големи, а објективните можности малку помали. Сепак, ќе најдете рамнотежа и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Пуштете ги другите да се изразуваат, а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни, трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место. Поинаку не може. Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете.

Девица

Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов, дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи, зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Опуштајте се со добро друштво.

Вага

Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Побарајте си рекреација.

Скорпија

Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате, најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално, оставете го. Нека зборуваат што сакаат. Не претерувајте со јадењето и пиењето.

Стрелец

Ќе комбинирате дискреција и гласност. Така, еден ден ќе живеете како кротка личност, врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава, каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Ќе функционирате како спортист, кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето. Секако добивате. Научете некоја од техниките за релаксација.

Јарец

Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено, освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак, нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место, ќе ги доработуваат заостанатите обврски, но не е страшно. Батериите ќе ги полните со спорт.

Водолија

Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете, бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Одете на прошетка и добро наспијте се.

Риби

Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола, се ќе биде подобро. Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни, туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција, а уште повеќе можноста. Понекогаш е подобро да се молчи.

Текстот Неделен хороскоп од 13 до 20 април е превземен од Reporter.mk.