Неделен хороскоп од 16 до 22 декември

Овен

Можеби ќе ви се чини дека ќе немате многу работа, но ќе се излажете, затоа најдобро е што побрзо да се сконцентрирате подобро. На љубовно поле се можни мали кочници и препреки во комуникацијата со саканото лице. Поведете сметка за проблемите поврзани со дишните патишта.

Бик

Иако ќе ви пристигне очекуваната заработка нема да бидете сосема задоволни бидејќи ќе имате и одредени трошоци. Кога станува збор за љубовта, сигурноста која ја барате некако упорно ви бега. Можни хронични проблеми и тешкотии кои веќе сте ги имале.

Близнаци

Вашата нервоза и недостатокот на фокус на работа ви носат проблеми и мала непријатност. Нема да можете да ги покажете емоциите на вистинскиот начин, партнерот тоа ќе го онерасположи. Можна температура, главоболка.

Рак

Наскоро поминува негативната фаза, па конечно ќе имате шанса да смените некои работи на ова поле. На полето за љубов имате големи ограничувања, нема да бидете задоволни во оваа фаза. Можни проблеми поради зголемено ниво на стрес.

Лав

Не сте баш подготвени за донесување на точни деловни одлуки, немојте да очекувате премногу. На ова поле слободните ќе остварат убав однос со една помлада личност. Можни проблеми поврзани за омалаксаност, низок притисок и слично.

Девица

Имате потреба некои работи да ги решите на брзина но ќе дојде до одложување на кое не можете да влијаете. Љубовната ситуација е напната но оваа недела ќе успеете да решите поголем дел од проблемите. Можни проблеми со грбот, коските, зглобовите, нозете.

Вага

Ве очекува период во кој доста нешта нема да одат според планираното. Воопшто нема да имате олеснување од ниедна страна. За слободните е можно ново познанство, но без големи чекори. Можни проблеми со вкочанетост.

Скорпија

Неделава нема да биде претерано поволна за финансиите, па на овој план не очекувајте премногу. Во љубовта ви следи некоја тајна врска или комуникација. Чувствителен урогенитален тракт.

Стрелец

Можни се мали препреки во комуникацијата и односот со соработниците. Љубовната ситуација ќе прејде од едноставна во комплицирана, ќе имате некоја непријатност. Можна настинка.

Јарец

Генерално нема да бидете претерано оптеретени со работата, ви следи поволна фаза во која се брзо и лесно ќе завршувате. На ова поле не ве очекуваат некои големи или важни промени, ниту пак позначајни новости. Имунитетот ви е ослабен.

Водолија

Пред вас е поволен период во кој нема да имате речиси воопшто работа. Не ве очекува голем број на обврски, па ќе можете да уживате малку. Ако сте слободни пред вас е ново познанство, ако сте во брак ќе размислувате за деца. Чувствителни синуси.

Риби

Ако сте во потрага по дополнителна работа и хонорар оваа недела ќе биде поволна за тоа. Кога станува збор за љубовта имате дилема, ќе ви биде потребен совет од пријател. Можни проблеми со желудникот, но и со градниот кош.

Текстот Неделен хороскоп од 16 до 22 декември е превземен од Reporter.mk.