Нема да се снима новата „Пријатели“

Специјалната епизода од серијата „Пријатели“, што требаше да ја собере старата екипа на актери, е откажана поради коронавирусот, соопшти „Ејч-би-о“. Снимањето беше предвидено за следната недела, а специјалната епизода требаше да се емитува во мај на стриминг сервисот ХБО Макс. Од студиото не кажаа дали и кога би се снимила новата епизода.

Една од најпопуларните ситкоми, „Пријатели“, заврши во 2004 година по 10 сезони, а Џенифер Анистон пред еден месец најави дека серијата ќе се снима пак, и тогаш сподели фотографија на која е заедно со Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Ле Бланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, а до неа напиша: „Се случува …“,

Неофицијално, на глумците им биле понудени 3,4 милиони американски долари за да снимат една една епизода, која би траела еден час.

Текстот Нема да се снима новата „Пријатели“ е превземен од Reporter.mk.