Нема повеќе помош од публиката во квизот „Кој сака да биде милионер?“

Нема повеќе помош од публика во квизот „Кој сака да биде милионер?“ во Хрватска. Место публиката, натпреварувачите ќе можат да искористат џокер, и да добијат помош од тројца момци, кои во новата сезона, остварија одлични резултати.

Поради пандемијата со коронавирусот, организаторите мораа да го прекинат снимањето на квизот. Тој сега почнува повторно да се емитува, со мали промени. Јосип Буклијаш, Бруно Кириниќ и Иван Јуриќ се дечките кои освоија 125.000 куни (околу 16.000 евра) секој посебно.

„Во лиценцата на квизот, постојат неколку џокери. Имаше опција и да се праша водителот, да се праша придружбата и да се заменат прашањата. Сепак, одлучивме за џокер да ги земеме тројца млади момци, затоа што се работи за натпреварувачи, кои гонашнава сезона во „Кој сака да биде милионер?“, освоија околу 16.000 евра. Имавме можност да бираме од петмината најдобри, а првите тројца на кои им се јавивме, веднаш ја прифатија поканата“, изјавил Игор Гроковиќ, уредник на квизот.

Џокерот „тројцата мудреци“, се користи веќе во неколку земји во светот и функционира на ист начин. Тројцата истакнати момци или натпреварувачи, кои покажале одлични резултати во самиот квиз, им помагаат на натпреварувачите. Ќе видиме наскоро на телевизиските екрани, како тие ќе се снајдат во новата улога. Популарниот квиз во новото снимање, ќе се одвива без поддршка од публиката.

Текстот Нема повеќе помош од публиката во квизот „Кој сака да биде милионер?“ е превземен од Reporter.mk.