Њујорк е најдобар град за живот во 2019 година

Тајм Аут Индекс во соработка со компанијата „Тејпстру Рисрч“ спроведе истражување за најдобар град за живеење во 2019 година. Врз основа на одговорите на 34.000 луѓе од целиот свет, на кои им се поставени прашања за задоволството за живот во нивните градови, вклучувајќи ја цената и квалитетот на храната, пијалакот, културниот и ноќниот живот, соседството и чувството на задоволство и среќа, на прво место е Њујорк. Њујорк е светски град број еден за култура, втор по квалитет на храна и трет по квалитет на пијалаци. Неговите жители спаѓаат меѓу најсреќните луѓе на светот, покажало испитувањето.

На листата најдобри градови за живот најбројни се европските градови, а на второ место се градовите од Америка.

Лисабон, Португалија – Португалскиот главен град има добра храна и убаво време, а неговите жители се насмеани, отворени и пријателски ориентирани.

Буенос Аирес, Аргентина – Ноќниот живот во овој град е најдобар на светот, што му овозможи да се најде меѓу првите дваесет на оваа листа.

Барселона, Шпанија – Богатството од културна и понудата на храна во овој град го издвојува од останатите градови во светот.

Филаделфија, САД – Можеби овој град не е најпопуларен меѓу туристите, но понудата за храна спаѓа меѓу најдобрите во светот.

Манчестер, Велика Британија – Градот во северниот дел на Англија доби висока оценка заради одличниот ноќен живот и исклучителната пица, иако неговите жители пијат алкохол повеќе отколку жителите на другите градови. Затоа ја имаат титулата за „најмамурливи“ жители на светот.

Мексико Сити, Мексико – Иако не е најбезбедно место на светот, жителите на Мексико Сити високо го оценуваат својот град поради кулинарската и културната сцена.

Лас Вегас, САД – Овој град не е популарен само поради лудите ергенски забави и брзите свадби, туку и поради познатите стриптиз клубови, кои го прават еден од најзабавните градови во светот.

Кејп Таун, Јужна Африка – За повеќето е синоним за сафари, но за жителите на тој град е омилено место кое нуди добар избор на храна и динамичен живот.

Мадрид, Шпанија – Шпанскиот главен град е светски лидер кога се во прашање клубовите, баровите и доброто пиво. Неговите жители се мѓу најопуштените луѓе на светот.

Токио, Јапонија – Многумина го сметаат за најубав град во Азија и повеќето луѓе ширум светот би сакале да го посетат во 2019 година.

Париз, Франција – Според истражувањето, жителите на Париз имаат повеќе секс од кој било друг град, а најмногу посетуваат музеи и галерии.

Глазгов, Шкотска – Иако е мал и дождлив град, неговите жители го сакаат многу. Му даваат висока оценка поради љубезноста на луѓето, поради музиката, добрите ноќни клубови и одличната храна.

Берлин, Германија – 84% од жителите на Берлин сметаат дека градската сцена е неверојатна, а висока оценка добил и за креативноста.

Монтреал, Канада – Разновидноста, динамичноста и креативноста е она што е најдобро во Монтреал, а тој воедно е и град со второ најкратко работно време во светот.

Лондон, Велика Британија – Само 6% од граѓаните на Лондон изјавиле дека се чувствуваат небезбедно, а речиси 80 проценти одговориле дека се среќни. Тие нагласиле дека ова е еден од најдинамичните, најразновидни и најкреативни градови на светот.

Чикаго, САД – Ветровитиот град се најде на оваа листа благодарение на одличната понуда на храна и пијалаци, а повеќето негови жители се сметаат за многу среќни бидејќи живеат во него.

Мелбурн, Австралија – Има повеќе места со жива музика по жител од каде било на друго место. Музичката сцена во Мелбурн е многу успешна, а 25% од жителите редовно одат на концерти. Тие се вторите најсреќни луѓе на светот, а градот е втора најкреативна метропола на светот.

 

Текстот Њујорк е најдобар град за живот во 2019 година е превземен од Reporter.mk.