Ноќеска почнува летното сметање на времето

Ноќеска, во 2 часот по полноќ ќе почне летното сметање на времето, а часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот. Летното сметање ќе заврши на 25 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

За укинување на летното и зимско сметање на времето во ЕУ се зборуваше и минатата година кога Европската комисија предложи укинување на летното и зимското сметање на времето најдоцна до оваа година, а Советот на министри за транспорт и телекомуникација изрази загриженост за подготвеноста на земјите членки да се прилагодат на новите услови во толку краток временски период по што повика на одложување на суспензијата за промена на времето. По ова, постигнат е компромис новата директива да стапи на сила од 1 април, а последното менување на стрелките да се случи во март 2020 година. Дотогаш, земјите членки треба да преговараат за временските зони и трајното прифаќање на летното или зимското сметање на времето.

Текстот Ноќеска почнува летното сметање на времето е превземен од Reporter.mk.