Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се вози во новата лимузина која американските служби ја создавале во измиантите пет години. Лимузината е планирано секогаш да го чека Трамп на пистата каде што ќе слета со неговиот авионот Air Force One до одредиштето на кое е планирано да се појави.
Неговата стара лимузина позната како „Ѕвер“ заминува во заслужено мирување. Трамп веќе имаше можност да го искуси новото возило за време на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации. Дизајнот на новата лимузина е сличен на старата со некои нови модерни детали, а подобре е и заштитниот систем.
Возилото е големо, високо, масивно и импозантно. Изгледа како да може да срамни зграда. Произведувачите гарантираат дека е подвижно и дека со него, агентите лесно можат да маневрираат.
На возилото почнало да се работи во 2013 година, а повеќето детали се држеле во тајност.
Лимузината има распоред на седење како и минатиот модел 2+3+2, а интериерот ќе има некакви додатоци кои ги барал самиот претседател Трамп.
Договорот за нарачката на ова возило од General Motors е тежок 15.8 милиони долари. Циниците се шегуваат дека Трамп одлучил да го подобри возниот парк откако истата работа неодамна ја направи претседателот на Русија Владимир Путин.
Текстот Новата лимузина на Доналд Трамп вреди 15,8 милиони долари е превземен од Reporter.mk.