Новозеланѓани направиле остров за да ја избегнат забраната за алкохол

Голем број на луѓе од Нов Зеланд направија вештачки остров од песок, дрва и школки, со цел да го избегнат законот за забрана на алкохол кој го донесоа градските власти.
Законот за забрана на алкохол властите го донеле со цел да ги спречат проблемите и инцидентите на плажата Вангамата. На ова место во Нов Зеланд често се собираат голем број на туристи особено за Новата година.
Како што пренесува  BBC, група на луѓе, целата недела го граделе островот од песок дрва и школки. Нивниот план било да направат место кое технички нема да биде на плажата каде е забранет алкохолот.
Луѓето кои го граделе островот, велат дека во исто време сега ќе можат да го гледаат огнометот и да се забавуваат, а да не им сметаат полицајците.
„Мислевме дека ќе биде смешно и забавно. Не сакавме забраната за конзумирање алкохол да ја уништи забавата“, изјавил Леон Хаувард, кој учествувал во создавањето на островот.
Градоначалничката Сандра Гуди за медиумите ијавила дека не можела да се буни против ваквата постапка. Вели дека била импресионирана од нивната идеја.
„Сите добро се забавуваа и се смееја кога го видоа малиот остров. На никој не му сметаше“, изјавила Сандра, додавајќи дека островот не се наоѓал во меѓународни води, иако луѓето кои го граделе го тврделе спротивното.
Шефот на полицијата изјавил дека не го видел островот, но слушнал дека не се распаднал ниту во следните два дена и дека е воодушевен од истиот ѝ дека веројатно ќе им се приклучел во градењето, ако дознал на време.

Текстот Новозеланѓани направиле остров за да ја избегнат забраната за алкохол е превземен од Reporter.mk.