Објавен последниот труд на кој работел Стивен Хокинг

Објавен е последниот научен труд на покојниот физичар Стивен Хокинг во кој тој се обидувал да одгатне што се случува со информацијата кога објектот ќе падне во црната дупка.

Трудот го објавиле неговите колеги, а го завршиле неколку дена пред смртта на Хокинг во март. Тоа бил трет негов труд по ред, кој се занимавал со црните дупки и информации.

Марика Тејлор, професорка по теориска физика на Универзитетот Саутемптон и поранешна студентка на Хокинг, вели дека овој труд бил еден од најголемите предизвици со кои науката се соочила во последните 40 години. Авторите изнеле неколку сериозни претпоставки, па следен чекор ќе биде да покажат дека истите тие се вистинити.

 

Со оваа тема прв се занимавал Алберт Ајнштајн во 1915 година, кога ја објавил својата Теорија за релативитет во кој опишал дека гравитацијата произлегува од закривеноста на просторот и времето, што го предизвикува и движењето на планетите околу Сонцето. Но теоријата на Ајнштајн понудила и важни претпоставки во врска со црните дупки, кои во целост ја дефинираат масата, набојот и движењето.

Речиси 60 години подоцна, Хокинг на оваа теорија дал и свој придонес, кога утврдил дека црните дупки имаат и температура. Со оглед на тоа дека жешките објекти во вселената ја губат топлината, крајната судбина на црната дупка е да испари и да исчезне. Но, овој додадаток на теоријата на Ајнташјн има еден проблем. Правилото на кванвниот свет е дека информацијата никогаш не смее исчезне. Што тогаш се случува со содржината во објектот?

Проблемот е во тоа што ако фрлите нешто во црната дупка, тоа нешто наизглед исчезнува. Како информацијата подоцна ќе биде вратена ако и самата црна дупка исчезне, се обидуваат да откријат авторите.

Во својот последен труд, Хокинг и колегите покажале дека некои информации можат да се сочуваат. Ако фрлите предмет во црната дупка, тој би требало да ја промени температурата на црната дупка, а со тоа и својството наречено ентропија, мерка на внатрешниот неред на некој објект кој се зголемува како објектот е се потопол.

Физичари, меѓу кои и Саша Хако од Кембриџ и Ендру Стронмајнгер од Харвард, докажале дека ентропијата на црната дупка може да биде снимена со помош на фотон кој ја опкружува ивицата на хоризонтот на црната дупка, место кое поради силната гравитација не е подложно на светлина.

Неколку дена пред смртта на Хокинг, Пери и Стромајнгер работеле на истражување, несвесни за тоа колку на Хокинг му е влошена здравствената состојба. Го повикале за да му кажат што во меѓувреме направиле и тоа била нивната последна научна расправа.

„Хокинг тогаш многу тешко комуницирал. Но кога му објасниле до каде стигнале со трудот, само се насмеал. Изјавил дека се на трага на нешто, но тој веќе тогаш го знаел конечниот резултат“, вели еден од авторите.

 

 

Текстот Објавен последниот труд на кој работел Стивен Хокинг е превземен од Reporter.mk.