Од Прилеп до Истанбул на точак – Филип и Христијан на велосипедска авантура

Филип Илиоски и Христијан Мојсоски од Прилеп ќе тргнат на точак од Прилеп и ќе возат до Истанбул (Турција). Двајцата се од здружението „Маркови точкаџии“ и следниот викенд ќе заминат на велосипедска авантура, а крајната цел е Босфор.

Момците ќе возат од Прилеп, преку Серес па Кавала, од тука на Ипсала кон Текирдаг, а крајна дестинација до Истанбул. Целата тура изнесува околу 800 километри. Попатно ќе кампуваат и преспиваат во шатори.

Враќањето на Филип и Христијан ќе биде со автобус. Тие двајца активно се рекреираат со велосипедизам и прават сериозни велосипедски тури со импресивни должини. Минатата година ја реализираа нивната најдолга еднодневна тура досега со должина од 324 километри која ја возеа низ Македонија.

Текстот Од Прилеп до Истанбул на точак – Филип и Христијан на велосипедска авантура е превземен од Reporter.mk.