Од сабота снег и на пониските места

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Во северните делови на земјата на повисоките места и на планините ќе падне снег, а во сабота малку снег ќе падне и на пониските места, соопштија од Управата.

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, во северните и источните делови со слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините со слаб снег. Ќе дува умерен ветер долж Повардарието, а во источните делови засилен северозападен ветер.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

 

Текстот Од сабота снег и на пониските места е превземен од Reporter.mk.