Од викендов пороен дожд и грмежи

Метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи најавија локален пороен дожд и грмежи во текот на викендот. Ова ќе донесе намалување на температурите. Промената на времето ќе почне в сабота попладне и ќе трае цел ден в недела.

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Во следните денови, до викендот, ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени. Повремено облачноста ќе се зголемува, а ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Текстот Од викендов пороен дожд и грмежи е превземен од Reporter.mk.