Отворањето на швајцарските граници повторно ќе спои љубовници и семејства

 

Соседите Швајцарија, Германија и Австрија овој викенд ќе почнат да ги олеснуваат ограничувањата на своите граници, во пресрет на нивното целосно отворање, што во средина на јуни ќе го направи и Франција. Тоа значи дека по два месеца, пријатели, роднини и љубовници повторно ќе можат да се видат без ограничувања, откако досега се среќаваа на граница, но секој на својата страна.

 

Четирите држави ги затворија границите во март за да се спречи ширењето на коронавирусот, запирајќи ги сите облици на транспорт, што особено тешко ги погоди пограничните заедници. Така во „Базелскиот триаголник“, каде што се спојуваат Швајцарија, Франција и Германија, илјадници луѓе секојдневно ги минуваа границите поради работа, дружење, шопинг. Границите беа невидливи во изминатите децении и преку нив постоеја пријателства, љубовни врски и семејства.

 

Олеснувањето на мерките е особено важно и за пограничните градови Констанце (Германија) и Кројцлинген (Швајцарија), кои со тек на време станаа како едно. Во изминатиот период луѓето комуницираа преку ограда, која дополнително беше зајакната за да се спречи да се бакнуваат.

 

 

Текстот Отворањето на швајцарските граници повторно ќе спои љубовници и семејства е превземен од Reporter.mk.