Овој викенд сончево и топло време

За време на викендот во поголемиот дел од земјава времето ќе биде сончево и топло. Сепак, во северните и западните планински предели не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Во почетокот на следната недела повторно ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи благ пораст.

Текстот Овој викенд сончево и топло време е превземен од Reporter.mk.