Папата на пролет во посета на Северна Кореја

Претседателот на владејачката јужнокорејска Демократска партија Ли-Хи-чан, изјавил дека папата Фрањо ќе ја посети Северина Кореја, наредната година на пролет.

Ли ова го соопштил и на состанокот на челници на партијата, но притоа не го соопштил изворот на информација.

„Имало смисла ако претседателот на Јужна Кореја Мун Џае и папата Франциско, на повик на Ким Џонг ун, ја посетат Северна Кореја“, навел Ли.

Ким во текот на минатиот месец за време на состанокот со Мун, порачал дека сака да му приреди топло добредојде на папата, доколку тој реши да го посети Пјонгјанг. Од високи извори на јужнодемократската партија се наведува дека Мун планира да ја пренесе ваквата порака за време на неговата посета на Ватикан на 17 и 18 октомври.

Доколку дојде до посетата, тоа ќе биде прва посета, не само на папата, туку на кој било верски лидер во комунистичка Северна Кореја.

Текстот Папата на пролет во посета на Северна Кореја е превземен од Reporter.mk.