Патувањето на Марс може да предизвика рак и деменција

Патувањето на Марс може да значи голем ризик од рак, слабост на мускулите или деменција, предупредуваат стручни лица.

Но, како да се преживее шестмесечното патување до Црвената Планета? Прва пречка е константното зрачење. Научниците од НАСА сметаат дека патувањето до Марс во многу блиска иднина може да се сведе на шест месеци, но притоа луѓето од екипажот би биле постојано изложени на сончевите зраци и разни видови радијација што
можат да предизвикаат повеќе видови рак.

Натаму, бестежинската состојба е опасна за коските и мускулите. Истражувањата откриваат дека по само три недели во вселената некои мускули се намалуваат за третина, а за време на подолги мисии, физичкиот капацитет на астронаутите може да се намали за 30 до 50 отсто.

Сето ова се случува затоа што крвните садови не се толку ефикасни при преносот на кислородот во мускулите и во мозокот. Тоа, пак, влијае и на психичката состојба на луѓето. Недостигот на гравитација ја нарушува вообичаената циркулација.

На Земјата, гравитацијата овозможува правилен проток на крв од срцето кон остатокот од телото, но во вселената крвта не се движи на ист начин. На пример, лекарите на вселенските центри кај неколку астронаути кои минале 50 дена во Земјината орбита откриле рана фаза на развој на тромбоза.

Бестежинската состојба може да влијае и на микрофлората во организмот и на човековиот
имунитет, и тоа се само дел од пречките на патот до Марс.

Текстот Патувањето на Марс може да предизвика рак и деменција е превземен од Reporter.mk.