По пожарите и поплавите, Австралија се соочува со смртоносни пајаци

По екстремните пожари и поплави со кои Австралија се соочува во последно време, експертите сега ги предупредија тамошните жители дека треба да се чуваат од смртоносни пајаци. Станува збор за пајаците „левак“, кои сега имаат идеални услови и нивната бројка се очекува драстично да се зголеми.

Овој вид на пајаци успеваат да преживеат во влажните и шумските предели во источна Австралија, а познати се по својот брз делоотворен отров, пренесува „Си-Ен-Ен“. Од австралискиот парк за рептили, предупредиле дека нивната активност во последените неколку дена е значително зголемена.

„Поради недамнешните дождови и топлото време, очекуваме отровните пајаци да почнат да се движат низ овие региони. Овој вид на пајак веројатно е еден од најопасните во светот и мораме да ги сватиме многу сериозно“, изјавил портпаролот на паркот Даниел Рамзи.

Експертите велат дека пајакот „левак“ можеби е најопасниот пајак на светот, а неговата агресивност и токсин кој ќе го вбризга во човекот, во бројни случаи предизвикал смрт.

 

Текстот По пожарите и поплавите, Австралија се соочува со смртоносни пајаци е превземен од Reporter.mk.