Почина австралискиот глумец Бен Анвин

Глумецот Бен Анвин, ѕвездата на австралиската сапуница Home and Away, почина вчера на 41 година. Неговото тело е пронајдено во близина на Минјон Фолс, водопад во национален парк во близина на Златниот брег во Австралија. Според полицијата, на телото на Анвин нема знаци на насилство, и тоа е предадено на обдукција, пренесува британскиот весник „Сан“.

Анвин се прослави со ликот на Џеси МекГрегор, кој го глумеше седум години. Тој беше номиниран за неколку награди за оваа улога. Откако го заврши снимањето на серијата, Анвин заврши правен факултет и работеше во адвокатска компанија во Сиднеј. Во последните години одигра само неколку епизодни улоги за да му се посвети целосно на правото.

 

Текстот Почина австралискиот глумец Бен Анвин е превземен од Reporter.mk.