Почина батлерот кој повеќе од 50 години служеше во Белата куќа

Батлерот Вилсон Рузвелт Џерман, кој во Белата куќа служел повеќе од 50 години и им беше на услуга на 11 претседатели, почина од коронавирус на 92. годишна возраст.

Во 1957 година, Џерман почнал да работи во Белата куќа како чистач, во времето на претседателот Двајт Ајзенхауер. По неколку дена, првата дама Џеки Кенеди го унапредила во батлер.

Неговата повеќедецениска служба во Белата куќа, била предмет на многу историски студии за Афроамериканците во политиката.

Авторката на книгата „Од робовска колиба до Белата куќа“, на Корита Мичел од Државниот универзитет во Охајо, изјавила дека Џерман, како и многу Афроамериканци од негвата генерација, со достоинствено ја извршувале една од ретките работи кои во таа доба била достапна.

Таа изразила убедување дека сигурно му пружило сатисфакција, тоа што кариерата ја завршил во време на еден Афроамериканец, Барак Обама.

„Тоа морал да го чувствува како победа“, изјавила Корита Мичел.

Текстот Почина батлерот кој повеќе од 50 години служеше во Белата куќа е превземен од Reporter.mk.