Почина човекот кој ги измисли пеналите по нерешените мечеви

Поранешниот секретар на Израелската фудбалска асоцијација, Јосеф Даган, почина на 93 години. Toj ќе остане познат во фудбалската историја како човекот што го креираше модерното изведување на пенали по нерешените мечеви.

Откако Израел загуби на Олимпијадата во 1968 година со фрлање паричка, тогаш вообичаен начин за одредување на победникот, Даган преку тогашниот претседател на Израелската федерација, Михаел Алмог даде предлог до ФИФА да се изведуваат пенали, по што ФИФА го одобри предлогот во февруари 1970 година.

Првиот меч под ваква измена на правилата беше турнирот Витли Беј во Англија – „Манчестер јунајтед“ и „Хал сити“ играа во полуфиналето, по што се изведуваа пенали. Џорџ Бест беше првиот фудбалер кој постигна гол, а неговиот соиграч од „Јунајтед“, Денис Лоу беше првиот кој промаши пенал.

Во 1982 година се случи првото изведување на пенали на Светските првенства, откако Франција и Западна Германија одиграа 3:3, а Германците победија на пенали со 5:4.

Текстот Почина човекот кој ги измисли пеналите по нерешените мечеви е превземен од Reporter.mk.