Почина Дејвид Белами, британскиот ботаничар и ТВ-водител

Легендарниот британски природонаучник и автор на популарни документарни серии Дејвид Белами почина на 86 години во Лондон.

Како автор и водител, тој се појави во голем број документарни серии и емисии од областа на ботаника, екологија и животна средина, станувајќи едно од омилените ТВ-лица.

Тој студираше и подоцна предаваше ботаника, пред да се прослави со известувањето за инцидент со излевање нафта во 1967 година, што беше вовед во неговата богата телевизиска кариера. Документармите емисии на Белами се прикажуваа и кај нас и беа меѓу најпопуларните во 1980те години.

Текстот Почина Дејвид Белами, британскиот ботаничар и ТВ-водител е превземен од Reporter.mk.