Почина Флоријан Шнајдер, еден од основачите на Крафтверк

На 73 години, денеска почина Флоријан Шнајдер, еден од основачите на легендарниот германски електронски бенд Крафтверк, објави „Билборд“.

Во изјавата, неговиот колега, Ралф Хатер, потврди дека „неговиот пријател и придружник во текот на многу децении, Флоријан Шнајдер, почина од кратко боледување од рак, само неколку дена по неговиот 73 роденден“.

Шнајдер го формираше влијателниот мултимедијален проект со Хастер во 1970 година. Крафтверк беше заслужен за формирањето на пионерската електронска музика и имаше силно влијание на многу различни музички жанрови.

Македонската публика двапати имаше можност да ги види Крафтверк. Во 2005 година имаа одличен концерт на Скопскиот саем, а пред две години настапија и во салата „Борис Трајковски“.

Текстот Почина Флоријан Шнајдер, еден од основачите на Крафтверк е превземен од Reporter.mk.