Почина Јапонецот кој намерно го ширел коронавирусот

Еден Јапонец кој намерно го ширел коронавируст починал, откако се разболел. Мажот (57) живеел во градот Гамагори, во провинцијата Ачи и починал во болницата каде бил хоспитализиран.

На почетокот од март му бил дијагностициран коронавирус. Се наоѓал во инфективното одделение, а лекарите му препорачале самоизолација.

Наместо тоа, тој наводно, отишол во најмалку два кафе-барови и ги известил роднините, кои исто така биле позитивни на коронавирус, дека тој ќе замине „да го шири вирусот“.

Текстот Почина Јапонецот кој намерно го ширел коронавирусот е превземен од Reporter.mk.