Почина магионичарот Рој Хорн од легендарното дуо „Зигфрид и Рој“

Рој Хорн, една од ѕвездите на легендарното магионичарско дуо Зигфрид и Рој, почина од корона на 75 години, пренесува TMZ.

Неговиот долгогодишен соработник Зигфрид изјави дека „светот на магијата го изгуби најдоброто, а тој го изгубил својот најдобар пријател“.

„Од моментот кога го запознав, знаев дека ќе го промениме светот. Никогаш нема да има други Зигфрид и Рој и не постои Зигфрид без Рој. Тој беше борец цел живот, особено во последните неколку дена. Ви благодарам на сите лекари и медицински сестри кои му помогнаа во борбата против болеста која на крајот му го одзеде животот“, рекол тој.”.

Рој Хорн и Зигфрид Фишбахер со години настапуваа во Лас Вегас, а она што ги издвојува од другите беа нивната екстравагантна облека и магионичарските точки со тигри.

Текстот Почина магионичарот Рој Хорн од легендарното дуо „Зигфрид и Рој“ е превземен од Reporter.mk.