Почина најстарата жена на светот

Најстарата личност на светот, Јапонката Чијо Мијако, почина на 117 години.

Тажната вест ја соопшти гувернерот на Канагава, јужно од Токио, местото каде живеела Мијако.

Мијако е родена на 2 мај 1901 година. Од април се смета за најстарата личност во светот. Претходно Наби Таџима од островот Кикаи, јужно од Јапонија, почина на 117 години.

Од Министерството за здравје соопштиле дека сега 115 годишната Кане Танака од Фукуоке, на југот од Јапонија е најстарата личност на светот.

 

Текстот Почина најстарата жена на светот е превземен од Reporter.mk.