Почина полскиот композитор Кшиштоф Пендерецки

Светски познатиот полски композитор Кшиштоф Пендерецки почина денеска на 86 години, по долга и тешка болест. Неговата смрт не е поврзана со коронавирусот.

„Иако личноста која се грижеше за него беше позитивна на коронавирусот, резултатот од неговиот тест беше негативен“, изјави неговата ќерка Беата.

Пендерецки е најпознат по делото „Тужбалица“, посветено на жртвите од Хирошима, и „Пасија по Лука“. Тој е познат по музиката што ја компонираше за филмовите „Егзорцист“ на Фриткин, „Сјаење“ на Кјубрик, „Диви во срцето“ и „Внатрешна империја“ на Линч и други. Добитник е четири Греми награди, последната во 2016 година.

Текстот Почина полскиот композитор Кшиштоф Пендерецки е превземен од Reporter.mk.