Почина режисерот Франко Зефирели

Познатиот италијански режисер, Франко Зефирели, почина денеска во Фиренца на 96-годишна возраст.

„Франко Зефирели, еден од најзначајните личности во културата, почина утрово. Збогум маестро, Фиренца никогаш нема да те заборави“, објави на Твитер градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела.

Зефирели во својата кариера режирал повеќе од 20 филмови, меѓу кои најпознати се „Исус од Назарет” и „Ромео и Јулија”, за кој беше номиниран за Оскар. Тој работел со ѕвезди како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Лоренс Оливие, Алек Гинис, Феј Данавеј и Џон Војт.

Заедно со Федерико Фелини, Лукино Висконти и Виторио Де Сика, Зефирели важеше за еден од повоените италијански филмски гиганти.

 

Текстот Почина режисерот Франко Зефирели е превземен од Reporter.mk.