Поради короната ги изгуби татко му и дедо му, вели Американскиот здравствен систем ги изневери граѓаните

Кит Гембел од Детроит ги изгубил својот татко и дедо поради коронавирусот и тоа во период од само неколку часа. Тој за „Раша тудеј“, раскажал дека неговото семејство било жртва на невнимание и расизам.

„Чувствувам како мојот татко да беше отурнат на крајот од редот за тестирање, само затоа што е црн. Замина во болница, каде населението е доминантно бело. Го погледнаа и го вратија дома за да умре“, раскажува Гембел.

Кит за „Раша Тудеј“, зборувал за очајните обиди да го потврди она што тој и останатите членови од неговото семејство веќе го знаеле, дека неговиот татко Гери е заболен од „Ковид-19“. До тој момент, кај неговиот 72 годишен дедо, дијагнозата веќе била потврдена и тој бил приклучен на респиратор и се борел за живот.

И покрај контактот со заболените, Гери во повеќе наврати им било кажано да си заминат дома, да ја пие терапијата за температура и да се изолира, како да има обичен вирус.

Кит верува дека неговиот татко, како дијабетичар, бил високоризичен пациент, кој заслужил подобра шанса за борба и вели дека можеби ќе ја добиел, ако имал поинаква боја на кожата.

Дедото и неговиот татко, му починале во период од само осум часа разлика.

„Бев скршен. Разговарав со татко ми шест часа пред да почине. Сега повеќе го нема. Тоа се случи само неколку часа откако мојот дедо почина“, вели Кит.

„Кој и да беше задолжен за мојот татко, кога замина во болница, мислам дека треба да биде личноста која треба да биде обвинета за неговата смрт. Не му дадоа шанса да го направи тестот. А од друга страна, тука е и владата. Зошто не бевме подготвени за овој вирус? Ако веќе затворате сè, зошто немаме доволно тестови за да луѓето се тестираат на вирусот? Ја обвинувам владата и американскиот здравствен систем. Тие ги изневерија американските граѓани“, вели Кит.

Но, ни тогаш маките не завршиле за Кит. И на неговата мајка и биле ускратени правата да се тестира. Сè до смртта на Гери, таа имала релативно благи симптоми, но состојбата подоцна се влошила. И неа, од болницата ја испратиле дома. За среќа, Шерил успеала да ја победи болеста, но се развиле компликации, како што е згрутчувањето на крвта.

Текстот Поради короната ги изгуби татко му и дедо му, вели Американскиот здравствен систем ги изневери граѓаните е превземен од Reporter.mk.