Поранешен ѕидар е најсекси маж на Евровизија

Лука Хани, кој ја преставува Швајцарија на Евросонг со песната She Got Me, е избран за најсекси маж на оваа Евровизија. Лука победи во анкетата што ја организираа евровизиските фанови. 24-годишниот пејач е поранешен ѕидар и еден од фаворитите за победа. Според обложувалниците тој е трет најсериозен кандидат за победа, по Холандија и Шведска.

Во интервјуа Лука вели дека ако не се пријавел во шоуто „Германија има талент“, денес сигурно ќе работел како ѕидар.  Роден во Берн, а од мал свирел на клавир и на гитара. Завршил средно ѕидарско училиште. Почнал да работи како ѕидар, но се пријавил во шоуто на 17 години и победил. Од победата заработил 500.000 евра, пари што ги вложил во својата музичка кариера.

Лука живеел и во Лос Анџелес, каде што го снимил својот четврти албум. Освен што пее, често работи и како модел.

Текстот Поранешен ѕидар е најсекси маж на Евровизија е превземен од Reporter.mk.