Поранешниот играч на Арсенал и Реал Мадрид, Рејес загина во сообраќајка

Хозе Антонио Рејес (35) заигна во сообраќајна несреќа. Од поранешниот фудбалер се простија бројни негови клубови. Рејес добар дел од кариерата ја мина во гоелмите фудбаски клубови Арсенал, Реал Мадрид, Севиља и Атлетико Мадрид. .

„Не можевме да објавиме полоша вест. Саканата ѕвезда на Севиља Хозе Антонио Рејес загина во сообраќајна несреќа. Почивај во мир“, стои во службената објава на Севиља на „Твитер“.

Рејес својата богата кариера полека ја привршуваше во „Ла Лига 2“, каде одигра девет натпревари и оствари една асистенција. Потекнува од Севиља, а стана најмлад дебитант на клубот од Андалузија во добата од 16 години.

Во 2004 година Рејес мина во редовите на Арсенал, каде ја освои лигата како член на култните „непобедливи“ фудбалери на Арсен Венгер. Потоа беше позајмен во Реал Мадрид, а го облече дресот и на Атлетико Мадрид.

Рејес една сезона играше и во тимот на Еспањол, а имаше куса авантура и во Кина.

 

 

 

Текстот Поранешниот играч на Арсенал и Реал Мадрид, Рејес загина во сообраќајка е превземен од Reporter.mk.