Повеќе илјади Дедо Мразовци трчаа низ градовите во светот

Во повеќе градови низ светот, меѓу кои и во Њујорк, вчера се оддржа традиционалниот Фестивал на Дедо Мразовци. Повеќе илјади Дедо Мразовци, облечени во нивните препознатливи црвени костуми, се собраа на Тајм Сквер во Њујорк, по повод фестивалот “Сантакон”.

И покрај екстремно ладното време Дедо Мразовците пееја, играа и на децата им делеа слатки. Како и  претходните години, и годинешниот фестивал беше организиран преку социјалните мрежи. Фестивалот “Сантакон” првпат беше организиран во 1994 година во Сан Франциско и од оттогаш стана меѓународен феномерн, пренесува “Њузвик”.

Текстот Повеќе илјади Дедо Мразовци трчаа низ градовите во светот е превземен од Reporter.mk.