Повторно Русинка е најубаво девојче на светот

Русинката Алина Јакупова е прогласена за најубавото девојче во светот. Шестгодишната Алина на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 22.000 фанови. Таа со моделството се занимава од 4 години и досега се појавила во неколку кампањи на познати модни магазини. Мајка ѝ секојдневно објавува фотографии на нејзиниот „Инстаграм“ профил.

„Ти си најубава и најслатка девојка на светот“, ѝ пишуваат секојдневно нејзините обожаватели.

Ова не е првпат титулата за најубаво девојче на светот да ја земе Русинка. Во 2017-та година светот го освои Анастасиа Книазева, која на „Инстаграм“ ја следат повеќе од половина милион луѓе.

 

 

Текстот Повторно Русинка е најубаво девојче на светот е превземен од Reporter.mk.