Позната британска ријалити ѕвезда била дрогирана и силувана

Позната ријалити ѕвезда во Британија, чиј идентитет засега полицијата не го открива, била дрогирана и силувана на журка. Девојката ги обвинила двајца мажи, продуцент и уште еден член од ТВ екипата, за злосторот.

Полицијата ги повикала двајцата обвинети на краток разговор. Тие се оправдале дека секс во тројка имало, но на истиот се согласиле сите доброволно.

Наводиот напад се случил во раните утрински часови на една приватна забава недалеку од ТВ студијата во кое претходно снимале. Полицијата ги испрашала и останатите членови од ТВ екипата како потенцијални сведоци.

Една жена изјавила дека девојката доброволно заминала на забавата по направените снимања во студиото. Жртвата на полицијата им рекла дека се онесвестила и дека кога се разбудила, сватила дека била силувана.

„Млада жена во раните 20 години, се разбудила по една приватна забава на која се користеле разни дроги и алкохолни пијалоци. Откако дошла при себе, таа разбрала дека била жртва на сериозен сексуален напад. Веднаш повикала такси и се упатила кон болница. Потоа повикала полиција и поднела службена пријава. Била прилично надвор од себе. Била многу вознемирена и избезумена во врска со она што се случило. Таа е позната во Велика Британија и фановите веднаш би препознале за кого се работи“, вели извор за британските медиуми.

Портпаролот на обвинителството го потврдил случајот и изјавил дека полицијата ги истражува наводите за силувањето.

Текстот Позната британска ријалити ѕвезда била дрогирана и силувана е превземен од Reporter.mk.